Одамна испаднатиот и закован на дното Шалке го шокираше Ајнтрахт Франкфурт и можеби му ги одзеде шансите за пласман во Лигата на шампионите.

Резултатот го отвори Клас Јан Хунтелар со гол во 15-тата минута, а израмнување за Ајнтрахт Андре Силва во 29-тата минута, пресврт за тимот од Франкфурт со голот на Еван Ндика во 51-та минута.

Кога се мислеше дека се ќе оди по планот на Ајнтрахт, така не мислеа фудбалерите од Гелзенкирхен, кој дојдоа до комплетен пресврт. Прво израмни Бленди Идризи во 52-та минута, за водство на Шалке стрелаше Флориан Флик во 60-тата минута, на 4:2 зголеми Мејту Хоп во 64-тата минута. Конечните 4:3 ги постави со вториот гол Андре Силва во 73-тата минута.

Со оваа победа Ајнтрахт останува на петтата позиција со 57 бода, односно еден помалку од Борусија Дортмунд, која утре го игра својот меч од ова коло на гости кај Мајнц и со победа може и официјално да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Шалке пак го освои својот само 16-ти бод оваа сезона и се заковани на дното.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Останати натпревари од Бундес лигата:

Арминија Билефелд- Хофенхајм 1:1

Аугзбург- Вердер Бремен 2:0

Леверкузен- Унион Берлин 1:1

Борусија Менхенгладбах 1:2

Фрајбург- Баерн Минхен 2:2

Херта- Келн 0:0