Фудбалерите на Шалке се наоѓаат во катастрофална по продолжението на првентсвото и доживеаа нов пораз овој пат на домашен терен од Вердер со 0-1.

Единствениот погодок гостите од Бремен го постигнаа во 32 минута со голот на Битенкурт. Со овој пораз Шалке падна на 10.позиција на табелата во Бундес лигата и е се подалеку од местата кои водат во Европа.

За разлика од нив, пак Херта игра брилијатно по рестартот на сезоната и ја забележаа третата победа во четвртиот последовен меч. Тимот од Берлин го совлада Аугсбург со 2-0 со головите на  Дилросун и Пјатек.

На преостанатите натпревари гостински победи забележаа Хофенхајм кај Мајнц, односно Ајнтрахт Франкфурт кај Волфсбург.