Фудбалерите на Шалке потфрлија пред своите навивачи откако одиграа само 1:1 против последнопласниот на табелата, екипат ана Падерборн.

Шалке поведе со голот на Кутулучи во 63 минута успевајќи да го скрши отпорот на гостинската одбрана.

За голем бод за гостите се погрижи Ѓасула во 81 минута.

Големо изненадување оствари Унион Берлин на гостувањето кај Вердер Бремен. Победа од 2:0 откако Бутлер успеа два пати да го совлада Павленка.

Волфзбург и Фортуна Д. ремизираа 1:1, Фрајбург го победи Хофенхајм со 1:0 а Мајнц славеше на гостувањето кај Херта со 3:1.