Актуелниот првак на Англија, Манчестер Сити запиша убедлива победа на гости кај Вест Хем со 5-0, прво коло во новата сезона во Премиерлигата.

Првото полувреме заврши со минимална предност на Сити со голот на Габриел Жезус  во 25 минута.

Сити одигра фантастично второ полувреме  и со хет-трикот на Стерлинг и еден гол на Агуеро дојде до убедлива стартна победа во новата сезона.