Навивачите на Сао Паоло уживаа во спектакуларното претставување на Дани Алвеш како најново засилување на екипата која сака да се врати во врвот.

Повеќе од 40 000 навивачи го отпоздравија 36 годишниот десен бек кој вети дека ќе направи се што може за нови успеси на неговиот омилен клуб од детските денови.