Шефилд јунајтед и Фулам ќе почекаат за својот прв триумф во новата сезона во Премиерлигата, откако попладнево го поделија пленот играјќи 1-1 во дербито на дното.

Тимот на Скот Паркер беше блиску до премиерна победа, откако Фулам дојде во водство преку своето ново засилување од бундеслигашот Лајпциг, Адемола Лукман во 77 минута.

Израмнувањето за домаќините го донесе Били Шарп од пенал во 90 минута.

Претходно, српскиот репрезентативец Александар Митровиќ на 0-0 не успеа да реализира од белата точка за гостите од Лондон, а во самиот финиш пропушти колосална шанса за триумф.