Фудбалерите на Шефилд Јунајтед ја прекинаа низата без победа откако славеа против Астон Вила со 1:0 во 29 коло од Премиер лигата.

МекГодрик го постигна единствениот гол на натпреварот во 30 минута, домаќинот мечот го заврши без исклучениот Јагјелка од 57 минута.

На вториот меч Барнли успеа да освои бод против Лестер во натпревар кој заврши 1:1. Видра ги донесе во водство домаќините во 4 минута, Лестер до бод дојде со голот на Ихеаначо во 34 минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore