Голманот на македонската репрезентација Дамјан Шишковски одигра одличен меч денеска во првенството на Кипар. Сепак фантастичниот Шишковски не беше доволен за неговиот ти Докса да дојде барем до бод.

Дамјан фати два пенали, но неговиот тим го заврши мечот со негатива од 2:1, подобри од Докса беа фудбалерите на Пафос.

Сепак и покрај овој пораз, тимот на Шишовски не треба да се плаши, бидејќи и следната сезона ќе бидат дел од елитата во Кипар.