Пресметката на Шкупи и на Шкендија утре на стадионот во Чаир ќе го одбележи 8 коло од домашното фудбалско првенство.

Шкендија на гостувањето во Скопје ќе допатува без повредените Костадин Захов и Езгон Бејтулаи додека поради суспензија нема да настапи и левиот бел Гледи Мици.

Интересно ќе биде да се види како ќе го води мечеот, Ќатип Османи кој по отказот во Тетово доби работа во Шкупи а сега ќе има можност да им покаже на „своите“дали згрешиле со одлуката.

Од Шкендија најавуават атак на три бода против екипата која на домашен терен минатата сезона славеше против шампионот со 1:0 со голот на Бајрами.