Со голови во финишот Академија Пандев и Скопје дојда до важни победи.

Сигурна победа на домашен терен оствари актуелниот шампион Шкендија против Работнички, со која се искачија на петтата позиција на табелата, со девет бода помалку од лидерот Шкупи. Тетовци дојдоа во водство уште во 10-тата минута со голот на Дашмир Елези, а конечните 2:0 ги постави Флорент Рамадани.

На крилата на Мартин Стојанов Брегалница стигна до убедлива победа со 0:3 на гости кај Пелистер. Стојанов прво од пенал стрелаше во 36-тата минута, а во 74-тата минута го зголеми водството во 74-тата, конечните 3:0 ги постави Стефан Коцев во 90-тата минута

Во финишот Академија Пандев стигна до победа на гостувањето кај Борец. Тие поведеоа со голот на најдобриот стрелец во македонското првенство Мартин Мирчевски во 32-та минута, во 64-тата минута стрелаше Крста Ѓорѓевиќ за израмнување, конечните 1:2 ги постави Николче Шаркоски во 87-та минута.

Со гол во финишот победи и Скопје, тие во водство прво дојдоа 25-тата минута дојде со голот на Ален Јашароски, па израмни Роберт Коцев од пенал во 49-тата минута, за во 92-та минута за победа да стрела повторно Јашароски.

Македонија Ѓорче Петров одигра реми со Струга Трим Лум 1:1. Домаќинигте во водство дојдоа со голот на Марио Младеновски во 68-та минута, но само девет минути подоцна Дејан Цветановски го постави конечниот резултат.