Шкендија без поголеми проблеми се пласираше четвртфиналето од Купот на Македонија откако ја совлада Ренова во градското дерби со 5:0 во осминафиналето.

Работнички е елиминиран, исто како и Скопје и Академија Пандев, ова се само дел од заклучоците по денешните натпревари во осминафиналето.

Интересно беше и во Струмица, каде Македонија ЃП ја елиминираше Академија Пандев по изведувањето на пеналите, по 90 минути беше 1:1.

Куп на Македонија, осминафинале: 

Шкендија – Ренова 5-0

Ак. Пандев – Македонија ЃП 1-1 (4:5) по пенали

Вардар – Скопје 0-0 (4:2) по пенали

Брегалница – Охрид 4-0

Пелистер – Работнички 0-0  (1-0) по пенали

Шкупи – Тиквеш 1-0

Струга ТЛ – Борец 1-1 (2:1) по пенали

Беласица – Силекс 1-3