Македонскиот фудбалски шампион Шкендија ја забележа втората победа на подготовките во Словенија во третиот тест-натпревар
Тимот од Тетово славеше минимално над словачката екипа на Жилина со 1-0/ Единствениот погодок беше постигнат во 39. минута од мечот од страна на Бесарт Ибраими.
За Шкендија ова е втор триумф по победата над словенечката Олимпија Љубљана. Претходно, тимот на Ќатип Османи минимално загуби од Злин.
До крајот на подготовките актуелниот македонски првак ќе одигра уште еден пријателски натпревар.
Be the first to write a comment.