Тетовска Шкендија го заврши настапот во Лига Европа откако загуби на „Тодор Проески“ од Тотенхем со 3:1.

Екипата предводена од Жозе Мурињо, рано дојде до предност уште во 5 минута со голот на Ламела.

На ова следуваше супер одговор од Шкендија во 55 минута со маестралниот гол на Нафиу од далечина.

По ова Мурињо менуваше а Сон одново дојде во прв план, по асистенцијата во 5 минута, сега во 70 минута тој беше стрелец.

Конечните 3:1 беа дело на денеска резервистот на Тотенхем, Хари Кејн во 79 минута, одново асиститаше Сон.

Во плејофот од Лига Европа, Тотенхем ќе игра со Макаби Хаифа која денеска го елимираше Ростов на Тошевски.