Екипата на Шкендија и официјално е нов шампион на Македонија, четврти пат во својата историја, откако попладнево  со 3-1 го совлада  Борец и со тоа ја официјализираа круната и враќањето на тронот во македонскиот фудбал по една сезона пауза.

Егзон Бејтулаи по 13.минутa си даде автогол, па до полувреме Борец имаше предност, а заверката на титулата на Шкендија висеше барем 45 минути, но потоа за седум минути во вториот дел тетовци успеаа да дадат три гола и да ја заверат победата со головите на Мевљан Мурати во 62-та, Бесарт Ибраими во 65-та и Рубин Хебај во 69-та.

Најтрофејниот македонски клуб Вардар преку Беласица ја запиша првата пролетна победа (1-0) во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и битката за опстанок ќе биде супер-интересна во последните четири кола, затоа што пет екипи се на разлика од три бода.

Во останатите дуели кои се играат денес, во дербито за Европа, Македонија Ѓ.Петров загуби на домашен терен со 2:3 од екипата на Струга Трим Лум.

Робсон во првиот дел од пенал стрелаше за 1:0 за домашниот тим, што беше резултат на полувремето.Во вториот дел екупата на Струга во неизвесен финиш успеа да стигне до победата и со головите на Алтипармаковски во 84.минута и Босанчиќ во 90.минута успеа да направи комплетен пресврт.

 

Алексовски успеа да израмни на 2:2 во 92.минута за дури во 96.минута Алтипармаковски со својот втор погодок од пенал да ги постави конечните 2:3.

Пелистер со 1:0, со прекрасниот гол на Гудиаби успеа да ја победи Ренова со 1:0,a гостите од Тетово преку Јашаровски не успеаја да реализираат пенал.

Шкупи успеа да слави над  Работнички 2:0,со  вториот  триумф на Седлоски како стратег на чаирчани. Овојпат беше подобар од својотнекогашен соработник Александар Влахо.