Попладнево ширум земјава беа одиграни десет натпревари од 1/16 финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Фаворитите минаа без поголеми проблеми, до прва победа сезонава дојде и тетовска Шкендија.

Очекувано пласман во втората рунда обезбедија и Работнички и Шкупи а пенал рулетот среќен беше за Охрид против Беласица и за Ренова против Кожув.

Резултати: 1/16 финале Куп на Македонија:

Гостивар – Шкендија 1:4
Велазерими – Работнички 0:4
Кожув – Ренова 3:3 (3:4 по пенали)
Кравари – Лабуништа 1:4
Превалец – Борец 0:4
Осогово – Победа 1:0
Фортуна – Силекс 0:4
Тетекс – Шкупи 1:5
Локомотива – Струга Трим-Лум 1:5
Охрид – Беласица 1:1 (4:3 по пенали)

Предходно играа:

Ново Црнилиште – Брегалница 0:22
Кит Го – Пелистер 1:1 (4:5 по пенали)
Љуботен – Тиквеш 1:5

Натпреварот меѓу Саса и Вардар е закажан за 28 август.