Лидерот во домашното фудбалско првенство, Шкендија ремизираше прптив Зорја Лугањск со 1:1 со што ја започна серијата контролни натпревари во Турција.

Шкендија поведе преку Дориев во 13 минута, конечните 1:1 беа дело на Комченовски во 28 минута.

Струга Трим Лум го совлада Пелистер со 3:2 на контролен натпревар на кој илиевски и Таири добија црвени картони.

Битолчани поведоа преку Талески и Размоски во првото полувреме, Струга ТЛ се врати преку Скендери и Босанчиќ а Миленковски им донесе пресврт во 61 минута.