Екипата на Шкендија ја заврши, европската епизода  со четврти пораз и четврти меч без даден гол, после вечерашниот втор пораз од летонска Рига (0-1) за елиминација во второто коло во квалификациите за Конференциската лига.

Шкендија ја започна европската авантура  дома со Мура со пораз 0:1, следуваше дебакл на гости од 5:0

Така се преселија во Конференциската лига каде што се сретнаа со Рига. Уште по првиот натпревар на гости беше јасно дека Шкендија иако ја имаше фаворитската улога тешко ќе се справи, тетовци запишаа пораз од 2:0.

На денешниот натпревар во Скопје одново беа поразени. Резултатот гласеше 0:1, а единствениот гол на натпреварот го постигна Соисало на стартот од второто полувреме.

Така Шкендија ја завршува европската авантура со биланс од четири порази во исто толку натпревари и гол разлика од девет примени гола и ниту еден даден – катастрофа!