Фудбалерите на Шкендија со победа го започнаа пролениот дел од ПМФЛ откако попладнево славеа на гостувањето кај Академија Пандев во Струмица со 2:1.

Домаќините го шокираа првакот откако Миловановиќ погоди по само пет минута. На ова Алими одговори со гол во 23 минута за 1:1. Конечните 1:2 ги постави Агим Ибраими во 55 минута од пенал.

Со оваа победа Шкендија го задржи чекорот со Вардар кој има осум бода предност пред 20 коло во кое Вардар ќе му гостува на Борец а Шкендија на Силекс.