Пелистер иако поведе против Шкендија тимот од Тетово победи со 3-1 во Битола, интересен натпревар особено во првото полувреме кога беа реализирани два гола, едниот ремек дело на Ахмеди од слободен удар.

Битолчани поведоа со голот на Танушев од пенл по 5 минути, во 18 минута гол постигна Ахмеди за Шкендија од слободен удар, ремек дело за конечни 1-1 по првиот дел во Битола.

Во второто полувреме, Дориев со својот трет гол сезонава ја најави победата за Шкендија, Ибраими од пенал ја потврди за конечни 3-1. Шкендија  и натаму е единствена во ПМФЛ без пораз и во моментов е лидер на табелата.