Дербито на вечерта во Лига Б во Лигата на нации меѓу Русија и Турција заврши без победник 1:1.

Чешка славеше на гостувањето кај Израел со 2:1, Северна Ирска загуби на домашен терен од Австрија со 1:0, а шок пораз и за Србија од Унгарија од 1:0.

 

Единствена победа на домаќините во оваа Лига беше онаа на Шкотска над Словачка од 1:0.

Во Ц Лигата, каде што Македонија ремизираше со Естонија завршија уште два натпревари, Грција ја совлада Молдавија а Косово загуби од Словенија со 1:0.