Македонскиот фудбалски шампион Шкендија ќе гостува во Естонија на екипата на Номе Калју на 9 јули во рамките на првиот меч од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Токму пред тој натпревар кој ќе се одигра „Кадриорг“ стадионот во Талин со почеток од 18 часот одредени се судиите кои ќе ја делат правдата на овој меч

Главен судија на натпреварот ќе биде Доналд Робертсон од Шкотска. Ќе му помагаат неговите сонародници Грем Стјуарт и Даниел МекФарлан. Делегат на мечот Киран О`Конор од Велс.

Реваншот помеѓу двете екипи е закажан на 16 јули кој ќе започне од 17.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Воедно пред стартот на новата сезона, тетовскиот тим преку специјално видео го претстави новиот дрес во кој ќе настапува во следната сезона.

ФОТО:ЕКИПА.МК

Proud 🔴⚫. Proud of Shkëndija . Our new Macron home jersey

Krenarë me kuqezinjtë 🔴⚫Krenarë me Shkëndijën🙌👌Fanella e re nga Macron 19/20

Gepostet von KF Shkëndija am Freitag, 5. Juli 2019