Шкупи со четири гола во мрежата на Струга ТЛ во вториот дел, стигна до очекувана победа во 15 коло во ПМФЛ.

Головите за лидерот на табелата во прволигашката конкуренција се дело на Сандеј Адетунџи 53′ и 70 минута а погодија и  Фаустин во 59 и  Маркоски  во 61 минута од натпреварот.

Шкупи е лидер на табелата со 35 бода пред Академија Пандев со 31 бод.

Резултати:

Шкупи -Струга ТЛ 4-0

Брегалница – Борец 2-1

Македонија ЃП – Шкендија 1-2

Пелистер – Скопје 0-0

Тиквеш – Работнички 2-0