Шкендија го победи Вардар 2-1, во еден од најинтересните натпревари од 20 коло во ПМФЛ.

Тетовчани ја оправдаа фаворитската улога против најтрофејниот тим, запишаа победа со минимална предност, се намачија против младиот тим на црвено-црните, победата им ја донесоа Мурати и Алими, за Вардар погоди Мирчевски кој израмни на 1-1.

Во Скопје, екипата на Шкупи не успеа да ја совлада Академија Пандев, средбата заврши со резултат 0-0.

Резултати:

Шкендија – Вардар 2-1

Беласица – Струга ТЛ 1-2

Македонија ЃП – Борец 0-0

Пелистер-Ренова 3-1

Шкупи – Академија Пандев 0-0

Вчера:

Работнички – Силекс 1-1