Футсал шампионот на Македонија екипата на Шкупи со 3-0 го победи Блу Мечик од Даблин во Скопје и ќе игра во плеј-офот за Лигата на шампионите.

Сефери погоди од пенал, Соареш постигна автогол, победата на македонскиот шампион ја потврди Незџир кој ги постави конечните 3-0.

Ждрепката за плеј офот ќе се одржи на 9 декември, Шкупи  може да ги добие за противници Барселона, Интер, Спортинг, Каират…