Шеснаесетгодишниот руски голман Иван Заборавски го удри гром во текот на тренингот во московскиот регион Орехово-Зуево.

Младиот чувар на мрежата ги брани на најстариот клуб во Русија, Знамја Труда и веднаш е префрлен во болница.

„Сите реагираа многу брзо и професионално. Брзата помош стигна за осум минути. Тој имаше најверојатно прекин при дишењето, доби прва помош и затоа остана жив“ – изјави генералниот директор Игор Мајоров.