Фудбалерите на Барселона пропуштија неверојатна шанса да се искачат на првото место на табелата во Ла Лига откако загубија на домашен терен од Гранада со 2:1 во 33 коло.

Барса добро го отвори натпреварот и поведе со голот на Лионел Меси во 23 минута.

На ова следуваше неверојатен одговор од гостите, Мачис израмни во 63 минута, а Молина беше играчот за пресврт, откако по додавањето од Марин во 79 минута го совлада Тер Штеген.

Во следното коло Барселона ќе и гостува на Валенсија додека Гранада го дочекува Кадиз.

Standings provided by SofaScore LiveScore