Македонскиот фудбалски шампион Шкендија е елиминирана од квалификациите за пласман во ЛШ откако во реванш натпреварот против естонскиот тим Номе Каљу во Скопје,тетовчани беа поразени со 1-2 полувреме 0-1.

Полошо неможеше да започне мечот за македонскиот шампион. По првиот корнер за Номе Каљу, голманот на тетовскиот тим Костадин Захов „заплива“ во празно, а Уге со глава jа смести топката во голот во 6 минута од натпреварот за предност од 1-0 за гостинскиот тим.

Шкендија конечно го скрши отпорот на Номе Каљу во средината на второто полувреме а  на 1-1 изедначи Агим Ибраими од пенал во 62 минута.

Голманот на гостинската екипа по една нафрлена топка боксуваше, по која таа заврши во рака на еден од дефанзивците на естонскиот шампион. Судијата веднаш покажа на белата точка, по која Агим Ибраими стрелаше прецизно.

Кога сите очекуваа крај, Номе Каљу стрелаше вторпат во мрежата на Захов, по еден прекин во 91. минута, кој во гол го претвори Лилиу.

Поради елиминацијата од квалификациите за ЛШ, Шкендија продолжува во 2. квалификациска рунда на Лига Европа додека Номе Каљу, во второто коло ќе игра против шкотскиот гигант Селтик.