Најголемиот и најтрофеен македонски фудбалски клуб за прв пат во историјата ќе игра во Втората македонска фудбалска лига, сезоната ја завршија на 11-тата позиција која води во вториот по ранг шампионат на Македонија.

Оваа година Вардар имаше сериозни финансиски проблеми, па поради играа со само неколку искусни фудбалери, а сите други беа млади момчиња од школата на клубот.

Овие најцрни денови доаѓаат, само неколку години откако Вардар ја испиша историјата на македонскиот фудбал играјќи во групната фаза на Лигата на Европа.

Сепак ваквата ситуација на Вардар покажа и една убава работа, а тоа љубовта која овој клуб ја има од своите најверни фанови Комитите, кои прво собираа пари за да може клубот колку толку да функционира, а денеска на еден протест поради состојбата во Вардар, најавија дека секогаш ќе бидат со клубот, без разлика дали игра во Прва, Втора или можеби па и општинска лига.