Шпанија со триумф против Белгија од 2:1 се рехабилитираше од поразот од Италија во воведното коло од групата А на Европското првенство за играчи до 21 година.

Олмо по асистенцијата на Солер во 7 минута реализираше за водство на „Фуријата“ но белгијците не чекаа многу за израмнување. Колс го пронајде Борнав во 24 минута за 1:1. Првата победата на Шпанија на овој континентален собир им ја донесе Форнас во 89 минута пред се благодарене на одличната визија на Дани Себаљос.

Второто коло од оваа конкуренција ќе го комплетира натпреварот меѓуи Италија и Полска закажан за вечерва од 21 часот.