Фудбалската репрезентација на Шпанија ја понижи Полска со 5:0 и со ова обезбеди пласман во полуфиналето на ЕП за играчи до 21 година.

Форнас, Ојарзабал, Руис, Себаљос и Мајорал се запишаа во листата на стрелци за „Фуријата“ која групната фаза ја заврши на првото место во групата А.

Италија и покрај денешната победа од 3:1 против Белгија ќе мора да чека на резултатите на Франција и на Данска за како најдобра второпласирана да се најдве во елиминациската фаза.