Реал Мадрид синоќа ремизираше против Реал Сосиедад со 1:1 на домашен терен во 25. коло од Ла лига.

Порту погоди за водство во 55-тата минута, а асистенција запиша Начо Монтреал. Реал со голот на Винисиус во 89-тата минува ситгна до бод.

Во самиот финиш некако се спасија, но прашање е дали тимот на Зидан би дошол и до бод, ако судијата Хесус Гил Манзано, досудеше пенал за гостите уште во седмата минута.

Касемиро налета на Монреал и го сруши, тоа беше класичен пенал, но судијата ја прекина акцијата претходно откако помошниот судија сигнализираше офсајд.

Сепак, во успорената снимка се гледа дека нема ни збор за офсајд. Хесус Гил Манзано одлучи дека нема потреба да помара помош од ВАР собара и да ја гледа снимата, па само пушти играта да продолжи.

Шпанските медиуми на големо пишуваат за спорната ситуацијата и истакнуваат дека судиите во оваа ситуација му помогнале на кралскиот клуб.