Кристијано Роналдо последните два натпревари ги започна како стартер, но не ги одигра сите 90 минути, беше заменет против Локомотив Москва и Милан.

Португалецот во Москва играше до 81 минута, на средбата со Милан беше заменетпо само 10 минути игра во вториот дел.

Роналдо очигледно има повреда ако е точна изјавата на тренерот Мурицио Сари.

„Роналдо дава се од себе, направи се да настапи, има мала повреда, неговата реакција при замената на средбата со Милан е нормална, никоја не сака предвреме да го напушти теренот, се решив на измена бидејќи тој не изгледаше добро“ – изјави Сари.

Сепак медиумите во Италија шпекулираат дека Роналдо е во конфликт со тренерот Сари, тој не се поздрави при замената, стадионот го напуштил пред да заврши натпреварот со Милан.