Штутгарт убедливо е поразен од Билефелд со 3-0 на гости, за тимот на нашиот Дарко Чурлинов ова беше втор пораз на гости сезонава во која немаат ниту една домашна победа.

Дарко Чурлинов влезе во игра во 64 минута, неговиот тим загуби со три разлика, се започна со голот на Клос во 27 минута, следуваше автогол на Кемпф, победата на Билефелд ја потврди Доан.

Шампионот Баерн Минхен минимално го порази Аугсбург со 1-0 на гости, решавачки беше голот на Левандовски. Победа запиша Лајпциг против Унион Берлин со 1-0, нерешено заврши средбата Фрајбург – Ајнтрахт 2-2.

На табелата води Баерн со 39 бода пред Лајпциг кој има 35, Штутгарт на Чурлинов со 22 бода е на 10 позиција.