Штутгарт има  1-1 по првиот дел на гостувањето кај Мајнц  во рамки на второто коло во Бундеслигата.

Домаќините  дојдоа во водство од 13 минута преку Швеѓанецот Квајсон, а Штутгарт израмни во последната минута од првиот дел преку Вамангитука.

Македонскиот напаѓач Дарко Чурлинов од клупата за резерви ќе чека шанса во вториот дел за свој дебитантски настап во Бундеслигата.

Чурлинов не влезе во игра на премиерата во германската првенство, кога Штутгарт загуби минатата недела дома од Фрајбург со 3-2.