Штутгарт поразен на гостувањето кај Вехен со резултат 2-1, тимот на нашиот Дарко Чурлинов кој не беше во комбинација за оваа средба загуби со гол од пенал во финишот на средбата.

Вехен поведе преку Шафер по 5 минути игра во вториот дел за изненадувачка предност.

Штутгарт израмни во 83 минута преку Гонзалез за надеж дека ќе освои  бод од ова гостување.

Кога се чинише дека средбата ќе заврши без победник, беше досуден пенал за Вехен кој го реализираше Титц во 96 минута.

Со овој поразно  и нерешениот резултат на Хамбург против Гројтер Фурт со 2-2 на гости, Штутгарт падна на 3 позиција во Бундеслига 2,има ист број на бодови како и Хамбург по 45, на табелата лидер е Билефелд со 52 бода.

Штутгарт секако се уште има шанси за пласман во елитата со оглед на фактот дека има уште многу натпревари до крајот на сезоната.