Штутгарт освои бод кај Ајнтрахт во Франкфурт, одига нерешено1-1, тимот на нашиот Дарко Чурлинов поведе, па потоа прими гол.

Дарко Чурлинов влезе во игра во 87 минута од средбата, неговиот Штутгарт поведе со голот на Калајџиќ во 68 минута, Ајнтрахт израмни 60 секунди подоцна со голот на Костиќ.

За Штутгарт ова е 9 нерешена средба, Ајнтрахт има 10 досега во првенството по 24 коло. Лајпциг запиша победа со 3-0 на гости против Фрајбург, Леверкузен ја победи Борусија во Менхенгладбах со 1-0, на останатите денешни средби, Херта-Аугсбург 2-1 и Хофенхајм-Волфсбург 2-1.