Екипата на Штутгарт запиша втора  победа во низа во Бундеслига 2, вечерва славеше на гости кај Бохум со 1-0.

Единствениот гол е дело на Гадио во 80 минута од средбата.

Со оваа победа Штутгарт останува во игра за првите две позиции на табелата кои водат во елитата во Германија. Во моментов екипата на Штутгарт е на 3 место на табелата со 3 бода помалку во однос на водечкиот Билефелд.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше во составот на Штутгарт но не доби шанса за настап.