Во премиерниот натпревар од 6 коло во Бундеслигата, Шалке и Штутгарт, со Дарко Чурлинов во своите редови во завршните минути, одиграа нерешно 1-1.

Македонскиот репрезентативец втор меч во серија влезе во игра од  клупата за резервни фудбалери.  Откако минатата недела влезе на теренот во 74 против Келн (1-1) Чурлинов вечерва го замени  Французинот Кулибали во 79 минута..

Шалке поведе во 30 минута преку Тиав, а Штутгарт освои бод благодарение на прецизно изведениот пенал на Гонзалес во 56 минута.

 

 

ж