Во меч со многу пресврти и шест голови, Штутгарт на Дарко Чурлинов попладнево одигра нерешено 3-3 на гостувањето кај Хофенјам запишувајќи го четвртото последователно реми во Бундеслигата.

Македонскиот напаѓач не доби шанса за свој трет настап сезонава во Бундеслигата, и повторно остана на клупата за резервни играчи.

Првите два гола на мечот паднаа во иста минута. Баумгартнер го доведе Хофенхајм во водство во 18 минута, а веќе во следниот напад Штутгарт го израмни резултатот преку Гонзалез.тутгарт замина на полувреме со водство од 2-1 преку Вамангитука, но Хохехајм направи пресврт со головите на Сесенгон и Крамариќ од пенал.

Штутгарт спаси бод буквално во последниот напад со голот на Кемп.