Селекцијата на Швајцарија како првопласирана од групата Д се пласираше на ЕУРО 2020 по денешната победа на Гибралтар од 6:1.

Како второпласирана од оваа конкуренција во евроквалификациите, место на континенталниот собир обезбеди и Данска која ремизираше на гостувањето кај Ирска (1:1) во директениот дуел за „европска виза“.

Од останатите дуели одиграни вечерва ги издвојуваме победите на БиХ над Лихтејнштајн од 3:0 и онаа на Шпанија над Романија од 5:0.