Шведска со гол од пенал ја победи Словачка, решавачкиот момент се случи во 77 минута, Форсберг шутираше прецизно за победа на „трите круни“.

Со овие три бода Шведска сега е прва групата Е, по два меча има четири бода, Словачка има три на втората позиција, Шпанија има бод, додека Полска е без бодови, овие две селекции се среќаваат утре од 21 часот.