Женската фудбалска репрезентација на Шведска ја совлада САД предводена од Влатко Андоновски со 3:0 во 1 коло на олимпискиот турнир во Токио.

Блекстениус ги постигна двата воведни гола за Шведска во 25 и во 55 минута, конечните 3:0 беа дело на Хуртинг во 72 минута.

Ова за Американките беше прв пораз по низата од 44 меча без пораз во сите натпреварувања.

Во второто коло САД ќе игра со Нов Зеланд а Австралија против Шведска.