Денеска, продолжија квалификациите за Светското првенство, Катар со натпреварите Шведска – Косово и Азербејџан – Ирска.

Швеѓаните, во рамките на групата Б, убедливо го совладаа  Косово со резултат 3: 0 (1: 0).

Водечкиот гол за Скандинавците е дело на Форсберг, од пенал, а „тројката“ ја потврдија Исак и Квисон во второто полувреме.

Истиот резултат, само во корист на гостинскиот тим, беше виден во Баку, каде Ирска беше подобра од Азербејџан. Двоен стрелец за Островјаните во првото полувреме беше Морисон, а конечните 0: 3 ги постави Огбене во 90. минута.

Многу возбудлив натпревар беше виден на „Хемпден парк“, каде Шкотска го победи Израел со 3: 2 и направи важен чекор кон плејофот. Победничкиот гол за Шкотланѓаните го постигна Мектомини по продолжението од мечот.

Репрезентацијата на Грција успеа да го скрши отпорот на Грузија со 2: 0, додека Украина беше подобра од Финска на гости, со резултат 2: 1.