Косоваре Аслани која настапува за Реал Мадрид вчера го постигна најбрзиот хет трик во историјата на женскиот фудбал и му осигура победа на својот тим од 3:1 против Валенсија.

Постигна три гола за само 154 секудни, а головите паднаа во периодот од 66:40 до 69:14 минута. Се започна откако постигна гол од слогоден удар за својот прв гол.

Побрзи хет трикови од Алсани досега во историјата на фудбалот постигнале само Магнус Арвидсон, кој за Хаселхолм во шведската втора лига во 1995 година, му беа потребни 89 секунди за три гола, а тука е и Томи Рос, во 1964 година додека играл за Рос Каунти, за хет трик му требале 90 секунди.

Инаку, Аслани по потекло е од Косово, а настапува за репрезентацијата на Шведска