Навивачката група на ФК Шкупи во петокот повод 30. години од  постоењето оргинизираше прослава во МНТ, на прославата оштетен е дел од најголемата културна институција во државата.

Од Владата со соопштение најавија дека ќе бараат санкции и надомест на направената штета со оглед дека станува збор за објект во државна сопственост.

„Очигледно е дека организаторот на овој настан, како и иницијаторот тој да биде одржан во МНТ, не го подготвиле и организирале настанот согласно стандардите и очекувањата за манифестации што се организираат во национални културни установи од највисоко значење. Владата очекува организаторот и иницијатор на настанот да ја надомести направената штета во Националната установа Македонски народен театар и да се извини на граѓаните за несоодветното однесување“ – се вели во дел од соопштението.

Од навивачката група „Шверцери“ негираат дека направиле штета во објектот на МНТ.

„Ние сме навивачи и навивањето е нашиот живот, нема друг начин на навивање од скандирање и пеење песни, тоа и го направивме таа вечер, без никакво дивеење, кршење, со ниту еден навредлив збор, а камо ли говор на омраза.“