Во рамки на 29. коло од ПМФЛ, Силекс оствари триумф против Академија Пандев на домашен терен со резултат 3:2.

Силекс ја имаше предноста и по првиот дел, кога најпрво Тантуровски во 16., а потоа и
Манасиевски во 22. минута од мечот, по што фудбалерите заминаа на пауза.

И вториот дел од дуелот беше доста интересен, со оглед на тоа што во 76. минута од мечот Ѓоргиев зголеми на 3:0, но екипата од Струмица се врати комплетно во мечот благодарение на погодоците на Радески во 77. минута и Димоски во 83. минута.

Сепак, Академија Пандев немаа сила за уште еден погодок, со кој ќе обезбедеа реми по овој натпревар.

За потсетување, ова е значаен триумф за Кратовци кои обезбедија 3 бода во значаен миг во битката за опстанок на табелата во ПМФЛ.