Во рамки на 29. коло од ПМФЛ, по првиот дел од првиот меч во ова коло, Силекс има водство против Академија Пандев на домашен терен.

Имено, по првите 45 минути од мечот, Кратовци водат со 2:0, и тоа благодарение на погодоците на Тантуровски во 16., односно Манасиевски во 22. минута од мечот.

Останува да видиме како ќе тече вториот дел од дуелот, иако вака поставени работите, Силекс обезбедува сигурни 3 бода кои му се од голема важност во битката за опстанок.