Силекс и Шкендија одиграа без голови во Кратово, домашниот тим се жали дека е оштетен за пенал.

Кристијан Костовски беше турнат од Кривак, екипата од Кратово се жали дека судијата погрешил кога не покажал на белата точка во 77 минута.

Главен судија на средбата  беше Јован Качевски од Струга, негови помошници му беа, Ацо Мацевски и Петар Новачев, четврти судија беше Марјан Смилкоски.

Зад головите беа Боби Величков и Влатко Илиоски.