Вардарци не само што не ја искористија бројчаната надмоќ на теренот во Кратово по исклучивањето на Карчевски во 45 минута, туки и дозволија Ристов да го совлада Илиќ и домаќините да дојдат до шестата овосезонска победа во ПМФЛ.

Чудна и комична беше реакцијата на вардаровата одбрана во 51 минута кога Тантуровски упати употреблив центаршут во шеснаесетникот на црвено-црните по што Денис Ристов го постигна шестиот гол за него оваа сезона во ПМФЛ.