Каков татко, таков и синот.

Најстариот син на Лионел Меси, Тијаго, настапува за „Школата на Серхио“ (во чест на Серхио Бускетс) која е дел од младите категории на Барселона.

Неговата екипа ја совлада екипата на „Школата Семедо“ во конкуренција на деца до 8 години, а малиот Тијаго постигна 2 гола. Неговата екипа победи со резултат 9:2.